Утрински Весник
Свет

Се бара оставка од шефицата на американската тајна служба поради безбедносен пропуст

E73c5f0c 4bd4 4e90 Be99 5e9a6143814e Xxx Jm.cheatle.032123001 1536x1024 1.jpeg

Шефицата на американската Тајна служба Кимберли Читл доби бројни повици за оставка поради сериозен безбедносен пропуст. Тајната служба се соочува со сериозни прашања за тоа како напаѓачот Томас Метју Крукс успеал да се позиционира на покрив веднаш до местото каде што се одржувал собирот, на растојание од само 130 метри.

„Шефицата на Тајната служба и одговорниот на обезбедувањето на настанот треба да поднесат оставки“, напиша милијардерот Илон Маск на Твитер. Маск додаде дека можни се две објаснувања: екстремна неспособност или намерно дејствување. Во секој случај, според него, раководството на Тајната служба мора да поднесе оставка.

Неколку часа по митингот, републиканскиот претседател на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, изјави дека Конгресот ќе спроведе целосна истрага за трагичните настани.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња