Утрински Весник
Балкан

Албанските власти му одобрија на Белери да даде заклетва како европратеник

20240714184801 Big 730x400 55.webp.webp

Албанските власти денеска одобрија грчки државјанин со двојно државјанство, затворен под обвинение за изборна корупција, да отпатува во Франција за да учествува на инаугуративната седница на Европскиот парламент како грчки европратеник, изјави портпаролот на затворот.

Фреди Белери (52), припадник на грчкото малцинство во Албанија, отслужува двегодишна затворска казна за купување гласови пред неговиот избор во мај 2023 година за градоначалник на Химара во јужна Албанија.

Тој беше избран минатиот месец на конзервативната листа на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за европратеник во Парламентот на ЕУ, чија инаугуративна седница е закажана за 16-19 јули.

-По неговото барање, затвореникот Дионисис (Алфред) Белери доби овластување да отпатува во Стразбур од 15 до 20 јули за да учествува на седниците на Европскиот парламент“, наведе во соопштението Фернада Ченко, портпаролка на албанскиот затвор.

Но, тој може да остане само на инаугуративните седници, а кога ќе завршат „притвореникот… мора да се врати на издржување на казната во затворот во Фиер“, рече таа.

Белери беше уапсен два дена пред општинските избори одржани на 14  мај 2023 година, обвинет дека понудил 40.000 леки (433 долари) во замена за гласови. Тој не ја презеде функцијата градоначалник.

Одлуката на понискиот суд беше потврдена во жалбата на крајот на јуни, а во петокот беше потврдена од Врховниот суд на Албанија.

Грчките медиуми претходно објавија дека Белери ќе биде пуштен на инаугурацијата, што во Вашингтон го договориле шефовите на дупломатии на Грција и на Албанија.

Случајот „Белери” ги заостри односите меѓу двете земји, при што Грција и се закани на Албанија со вето на патот на евроинтеграциите.

Можете да прочитате

Хорор во Белград: Киднапирале маж, го мачеле и го врзале, сакал да избега но паднал од 27 кат и починал

Уапсен шефот на Обвинителството на округот Валона

12-годишно девојче во Хрватска исчезна, полицијата започна потрага