Утрински Весник
Македонија

За седум часа синоќа казнети 89 моторџии во Скопје

Dsc 0058 800x506 1.jpg

Во зајакната контрола за прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли, синоќа полицијата во Скопје казнила 89 лица. Контролата ја направиле во периодот од 18 до 1 часот по полноќ.

„Од нив, 46 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 25 возеле без возачка дозвола, пет возеле со измината важност на сообраќајната дозвола“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Ги запоставила децата и дозволила малолетната ќерка да има полови односи, обвинувања кон мајка од поранешниот партнер

Пожар во близина на селото Раштак, гори сува трева и нискостеблеста шума

Фон дер Лајен: Северна Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик