Утрински Весник
Македонија

Петровска: Прво владино патување станува скандал – Премиерот со синот во делегација во САД! (ФОТО)

Fb Img 1720903601152.jpg

Пратеничката на СДСМ и довчерашна министерка за одбрана, Славјанка Петровска го објави првиот голем скандал на премиерот Мицкоски од неговото прво официјално патување во Вашингтон, на самитот на НАТО.

Имено според фотографијата која ја објави јасно се гледа дека како дел од владината делегација таму бил и младиот син на премиерот, па таа обвинува дека ова владино патување Мицкоски го претворил во семејно патување.

Меѓу другото таа потсети дека ова не е прв случај во фамилијата Мицкоски, затоа што и тој самиот кариерата ја започна како асистент на неговиот татко.

“Прво владино патување, прв скандал! Асистенотот на татко му а сега премиер си го земал син му во делегација во САД!

Ова младо дете на фотографијата не е најдобриот студент во Македонија. Не е ниту стипендист на државата. Не е учесник на некој конкурс или јавен повик за студенти, па како награда да биде дел од државната делегација предводена од Премиерот Мицкоски. Се прашуваше кој е?

Синот на Христијан Мицкоски.
Да, првото официјално владино патување го претвори во семејно патување.

Не се чудете, Мицкоски напредуваше во кариерата како асистент на сопствениот татко”, напиша Славјанка Петровска на Фејсбук.

Можете да прочитате

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките