Утрински Весник
Свет

Ердоган: Турција нема да ја одобри соработката на НАТО со Израел

Erdogan.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека нема да биде можно НАТО да го продолжи партнерството со израелските власти, пренесоа британските медиуми.

-Додека не се воспостави сеопфатен и одржлив мир во Палестина, обидите за соработка со Израел во рамките на НАТО нема да бидат одобрени од Турција, рече Ердоган за време на прес-конференцијата на самитот на алијансата во Вашингтон.

Тој додаде дека неговата земја ќе продолжи со дипломатските напори за ставање крај на руско-украинската војна.

Во исто време, Ердоган рече дека му наложил на својот министер за надворешни работи Хакан Фидан да се сретне со сирискиот претседател Башар ал Асад за да започне со обновување на односите со арапската република.

Коментирајќи ја можната продажба на борбени авиони Ф-16 на Турција, Ердоган рече дека разговарал со неговиот американски колега Џо Бајден, кој му рекол дека ќе го реши проблемот „за три-четири недели“.

Можете да прочитате

Венецуела ослободи уште 88 затвореници уапсени по постизборните протести

Во 2026, на бриселската маса „членство од втор ред“ за новите можни членки и потенцијално „ограничување на ветото“ за кластерите, но не и за затворање на преговорите

Швајцарија прогласи петдневна жалост по пожарот во Кран-Монтана, граѓаните оддаваат почит