Утрински Весник
Скопје

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Апел за рационално користење на водата

Voda Za Pie E.png

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на бавчи и ниви, што предизвикува нестабилност во водоснабдувањето во високите зони на градот.

Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде се најавуваат високи температури кои деновиве ќе достигнат и над 40 °C, како и податоците  на ЈП Водовод и канализација – Скопје за зголемена потрошувачка на водата, чие дневно производство достигнува и над 340 000 метри кубни вода што е за 30% зголемување во однос на зимскиот период, апелираме до граѓаните на градот Скопје рационално да ја користат и употребуваат водата за пиење, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини, улици и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.

Можете да прочитате

Над 40 сликари од сите албански краишта ќе се соберат во Скопје на деветтото издание на уметничката колонија „Скопје на платно”

Герасимовски: Целосно реконструирано детското игралиште зад Универзална сала, поставени тобогани, реквизити и урбана опрема

Чаир домаќин на Сенародната универзијада 2026: Спортот, академската заедница и соработката ги обединуваат младите