Утрински Весник
Македонија

Агенцијата за енергетика заминува во историјата

Logo Ae.jpg

Со десет закони од областа на енергетиката кои денеска се на дневен ред на собраниската седница, новото Министерство за енергетика ќе стане оперативно, а ќе се укине Агенцијата за енергетика и управниот одбор на Агенцијата за задолжителни нафтени деривати.

Надлежностите и вработените од Агенцијата за енергетика ќе преминат во новото Министерство, а надлежноста на управниот одбор на Агенцијата за задолжителни нафтени деривати ќе ги преземат новото Министерство за енергетика и директорот на Агенцијата.

– Агенцијата за енергетика нема повеќе да постои. Надлежностите и вработените ќе бидат превземени од Министерството за енергетика, а нема повеќе да има директор и Управен одбор. Во оваа насока, во Агенцијата за задолжителни нафтени резерви се разрешува постојниот управен одбор и повеќе нема да постои овој орган. Надлежностите на Управниот одбор преминуваат кај Министерството за енергетика и кај директорот на Агенцијата. Накратко, укинуваме два управни одбори, еден директор и една институција, изјави денеска на прес-конференција пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Со предложените закони преминуваат кон новото Министерство и надлежностите од областа на енергетиката, рударството и минералните суровини што досега беа во рамки на Министерството за економија.

Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат дека опозицијата ќе даде поддршка на предложените законски решенија.

Можете да прочитате

Апел на семејството на загинатата Ивона Антова – „Не беше само жртва на пожарот, беше оставена сама, без помош

Eлон Маск ја основа „Американската партија“ откако се скара со Трамп

Тошковски: Македонија доби „Македонска интервентна пожарна” од 43 специјални транспортни возила за справување со пожарите