Утрински Весник
Магазин

Хрватите во ценовник внеле и „место за пешкир“ на плажа: „Ако сакаме ќе го наплатиме и воздухот“

Plaza Ceni Hrvatska.png

Последниве години, а особено ова лето, многу туристи се разочарани од превисоките цени на плажите, на бројните популарни одморалишта.

Освен Грција, во ова води и Хрватска, па цените на лежалките и чадорите ги надминаа сите реални очекувања.

Една плажа во Хрватска, поточно бар на плажа во Водице, шокираше со објавата дека дури и наплаќа места за пешкири на плажа.

Оваа информација се појави на фејсбук група, каде револтирани граѓани реагираа на необичен ценовник, на кој меѓу другото пишуваше „место за пешкир“ по цена од четири евра.

Ако луѓето сакаат малку повеќе удобност, како што се лежалки и балдахини, тогаш цената е 10 или дури 43 евра.

Порталот „Морски.хр“ стапил во контакт со оваа плажа, а одговорот што го добиле е дека тоа не е плажа туку приватен имот на 10 метри над самата плажа, односно поморски имот и дека сопственикот и концесионерот таму можат да „наплаќаат и воздух ако сакаат“.

Додаваат и дека не им требаат дозволи бидејќи работат на приватен имот, па кој сака да си го стави пешкирот на имотот ќе треба да си одвои четири евра. Доколку сака нешто поудобно, како лежалка или балдахини, тогаш цената е уште поголема, 10 или дури 43 евра, пренесува порталот „Морски.хр“.

„Но, за да наплатат што било, мора да имаат регистрирана дејност за тоа, а дополнително да издаваат и фактури. Во тој случај услугата можат да наплатат милион евра, но без сметка – не се брои“, пишува овој сајт.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста