Утрински Весник
Македонија

Јаневска: Родителите на децата со попреченост ќе одлучуваат каде ќе учи нивното дете

20240711114333 Big 730x400 67.webp.webp

На родителите на децата со попреченост во согласност со проценката од МКФ ќе им овозможиме да одберат во какво училиште сакаат децата да им учат. Станува збор за деца кои се инклудирани во редовните паралелки, а нивните родители реагираат до нас дека не чувствуваат корист од тоа дека нивното дете е вклучено во редовна паралелка.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во интервју за Радио МОФ, напоменувајќи дека дел од родителите се жалат дискриминацијата во редовните паралелки е поголема, отколку тие деца да се наоѓаат во средина каде што ќе имаат слични на себе деца.

Започнуваме со консултации, најнапред со стручната фела, со психолози, педагози и специјални едукатори и рехабилитатори за да изнајдеме најдобро решение за овие деца. Она што досега сме го заклучиле е дека за децата со тешка интелектуална попреченост, а може да имаат и други видови на попречености е дека треба да постојат така наречените посебни училишта во кои децата ќе имаат поприродна средина за себе, односно со кого да комуницираат, со кого да се дружат, што де факто во редовните училишта го немаат, изјави Јаневска.

Можеби е за изненадување, рече министерката, но одреден број на здруженија на родители, бараат децата да им учат во посебни училишта, додавајќи дека тоа релативно брзо ќе се дефинира и ќе биде предмет на јавна расправа, по што сите измени ќе бидат вклопени во законите за основно, средно и средно-стручно образование.

Можете да прочитате

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње

МЗ: За два и пол часа во Скопје направени 150 тестирања на црн дроб