Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Не е до чергата, до приоритетите е, ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за работниците

Sdsm.jpeg

ВМРО-ДПМНЕ во својата прогама ветуваше дека во првите 100 дена ќе ја покачи минималната плата на 450 евра. Ова ветување им беше измислено за да ги залаже работниците дека ќе продолжи една од политиките на СДСМ за кои недвосмислено сите даваа поддршка – покачувањето на платите.

ВМРО-ДПМНЕ воопшто не планира да владее преку поддршка на работниците и покачување на платите. Тие ќе продолжат онаму каде што застана во 2016, а тоа се политиките во интерес на крупниот капитал. За потсетување, во 2016 ВМРО-ДПМНЕ го држеше минималецот на околу 8000 денари и тогаш беа потребни четири минимални плати за да се обезбеди основната потрошувачка кошничка. 

Изјавата на Мицкоски дека требало да ги пуштиме нозете колку што ни е чергата е навреда и потценување на работниците. Јасно е дека не е до чергата, не е до кондицијата на буџетот, туку е до приоритетите. 

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа