Утрински Весник
Македонија

Фрчкоски повикан кај Муцунски заради финансиски малверзации

Frcko.jpg

Новиот министер за надворешни работи, Тимчо Mуцунски го повика Љубомир Фрчкоски на консултации поради финансиски малверзации, но и поради непостапување по добиените насоки.

Причината за неговото враќање е конзистентно непостапување по насоките кои во изминатиот период ги добивал од македонското МНР, запуштеност во работењето, нотирана финансиска недисциплина како и трошење на средства спротивно на правилниците за работа на дипломатско конзуларните претставништва, се повикува Канал 5 на нивниот извор. Актот за неговото повикување на консултации треба да биде потпишан во текот на денешниот ден.

„Дополнително дознаваме дека финансиската недисциплина е поврзана со затајување на материјални средства од сукцесија на објекти и трошење на финансиски средства спротивно на постапките и процедурите во Министерството за надворешни работи“, јавува телевизијата.

Актуелниот амбасадор во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, Љубомир Фрчкоски пред две години не успеа да добие зелено светло за амбасадорско столче во Вашингтон.

Можете да прочитате

Милошоски: Донесениот заклучок од страна на членовите на Судскиот совет за продолжување на мандатот на Весна Дамева е незаконски

Дали поради Христовски ќе се скараат Апасиев и носителот на Левица во ИЕ6?

Амбасадата на Србија најостро го осуди нападот на нејзиниот Конзулат во Куманово