Утрински Весник
Македонија

Тетовец со багер оштетил кабел, касарната Еребино останала без струја и вода

Struja.jpeg

Полицијата поднесе кривична пријава против А.Л.(33) од Тетово, поради уништување или оштетување на јавни инсталации.

На 20 март, пријавениот, управувајќи работна багер, оштетил електричен кабел, кој го користи Армијата, односно касарната Еребино, која останала без електрично напојување и без вода, објави МВР во дневниот билтен.

Можете да прочитате

Такси се заби во оградата на мостот на булевар „Србија“

РСБСП: Безбедноста на децата во сообраќајот е заедничка одговорност

Воскреснување без докажана штета: Вишото ЈО повторно го отвори „Мазут“