Утрински Весник
Македонија

Нов ултразвучен ехо-апарат за Центарот за кардиологија „Свети Стефан“ во Охрид

593828 0.basic Adoadkjda.jpg

За потребите на Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ во Охрид обезбеден е нов софистициран ултразвучен ехо-апарат за дијагностика.

Станува збор за активност спроведена во рамки на проектот „Подобрување на условите за здравствен туризам со реконструкција на ЈЗУ Кардиологија – Охрид“ што се реализира преку Министерство за локална самоуправа и Швацарската агенција за развој во соработка и со кофинансирање на самата здравствена установа.

Како што информираат од Центарот за развој на Југозападниот плански регион што го спроведува проектот, активностите предвидени со проектот влегуваат во завршна фаза на реализација.

Досега се спроведени активностите насочени кон подобрување на енергетската ефикасност на установата, со поставена нова термо-фасада на целиот објект, интервенирано е во реконструкција на кровот и кровниот покривач, како и замена на столаријата во ЈЗУ.

Во последната фаза од проектот останува уште да се реализира и активноста за тековно сервисирање и одржување на постојниот информационен систем (хардвер и софтвер), надградба на модулот за интервентна кардиологија, развој на нови модули и набавка на опрема во компонентата за дигитализација.

Вредноста на градежните зафати изнесува 17 милиони денари, додека за набавката на ултразвучниот ехо-апарат се издвоени 2,9 милиони денари.

Можете да прочитате

Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста по мирен пат

Мистериозна смрт во Битола: Пред да биде пронајден мртов, камера снимила како човек го влече струмичанецот по Широк Сокак

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани