Утрински Весник
Македонија

Девет пожари на отворено изминатите 24 часа

Pozhar.webp.webp

Девет пожари на отворено се евидентирани изминатото деноноќие и сите се изгаснати од пожарникарите. Нема активни пожари изутринава, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во изминатите 24 часа, ѓубре горело во општина Гази Баба, како и во Карпош, каде горела и сува трева. Огнени јазици зафатиле сува трева и грмушки крај стариот пат за Арачиново. Стрниште горело во село Копаница, општина Сарај. Опожарено ѓубриште имало во општините Битола и Струга – во село Габалавци и во реон кон граничниот премин „Ќафасан“. Во општина Свети Николе, кај селото Горобинци изгореле грмушки и сува трева, нискостеблеста шума и помошен објект. Пожар на стрниште е регистриран во општина Кочани, кај село Облешево. Сува трева горела во општина Куманово, кај населбата „Диво Насеље“.

– Во последното деноноќие имало вкупно 1.975 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 во ЦУК. Од нив, „реални“ повици биле 55,75 отсто, а 44,25 проценти биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полиција биле упатени 61,47 проценти, кон Итната медицинска помош – 24,36 отсто, кон пожарникарите – 4,81 процент, а кон АМСМ – 0,29 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК, се наведува во соопштението. 

Можете да прочитате

69-годишен пешак е тешко повреден, го удрил возач со комбе

Тетовчани попладнево треба да имаат вода, рестрикција ќе има од еден до четири часот по полноќ

Се запали камион во движење на патот Охрид – Ресен, сообраќајот во целосен прекин