Утрински Весник
Македонија

Девет пожари на отворено изминатите 24 часа

Pozhar.webp.webp

Девет пожари на отворено се евидентирани изминатото деноноќие и сите се изгаснати од пожарникарите. Нема активни пожари изутринава, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во изминатите 24 часа, ѓубре горело во општина Гази Баба, како и во Карпош, каде горела и сува трева. Огнени јазици зафатиле сува трева и грмушки крај стариот пат за Арачиново. Стрниште горело во село Копаница, општина Сарај. Опожарено ѓубриште имало во општините Битола и Струга – во село Габалавци и во реон кон граничниот премин „Ќафасан“. Во општина Свети Николе, кај селото Горобинци изгореле грмушки и сува трева, нискостеблеста шума и помошен објект. Пожар на стрниште е регистриран во општина Кочани, кај село Облешево. Сува трева горела во општина Куманово, кај населбата „Диво Насеље“.

– Во последното деноноќие имало вкупно 1.975 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 во ЦУК. Од нив, „реални“ повици биле 55,75 отсто, а 44,25 проценти биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полиција биле упатени 61,47 проценти, кон Итната медицинска помош – 24,36 отсто, кон пожарникарите – 4,81 процент, а кон АМСМ – 0,29 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК, се наведува во соопштението. 

Можете да прочитате

Осуденик од Струмица уапсен за кражба на пари од црква

Герасимовски до Град Скопје: Преполните контејнери се потенцијална зараза, чистете ги навреме

Со нож сакал да го нападне брат му: Кривична за маж од Прилеп