Утрински Весник
Македонија

Жена тешко повредена во сообраќајка во Скопје

Soobrakajka 1.jpg

На 03.07.2024 во 12.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано Х.Г.(30) од Тетово и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(57) од Скопје.

Во несреќата Х.Г. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Во регистарот на ДКСК евидентирани 1.916 службени возила – ќе добијат црвени таблички до септември 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

Љутков: Објавена е јавната набавка за изградба на Универзална сала