Утрински Весник
Македонија

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Од Сахара во Македонија во понеделник и во вторник повторно пристигнува облак од прашина и песок

Prashina Od Sahara Meteoalarm.mk .png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани мои, анализата за тоа какво време не очекува овој викенд веќе ја знаете. Но најновата метео вест која сега ќе ви ја споделам е тоа дека во понеделник и во вторник накратко ни доаѓа нов облак од прашина  и песок од Сахара, по што ни следува позначително освежување и дестабилизирање на времето, но за освежувањето и за дестабилизирањето на атмосферата ќе ве информирам во следните мои метео објави.

Во понеделник и во вторник заедно со прашината  и песокот од Сахара, ни доаѓа  и мачното и спарно време, па така температурите ќе ги чувствуваме како да се повисоки од реално измерените.

Во понеделник ќе биде уште малку потопло, па така во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи до близу 40 степени.

Оваа Сахарска прашина  и песок која често ја имаме оваа сезона е поради честото јужно и југозападно воздушно струење. Истата од Сахара, преку Италија, па потоа преку централна европа, Велика Британија, се спушта преку северен и централен балкан и доаѓа до нашата Македонија.

Како што претходно најавив, во следните мои метео објави ќе имам детална анализа околу поголемото освежување на времето во првата седмица од јули, но и околу поголемата нова дестабилизација на атмосферата.

Можете да прочитате

Наскоро камери на улиците ќе бидат во функција ветува Тошковски

Автопатот затворен кај Групчин поради тешка сообраќајка

Стојаноски нов директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство