Утрински Весник
Магазин

Мајка и нејзиниот аутистичен син тргнаа пеш до Острог – имаат единствена цел

20240623113631.jpeg

Седумнаесетгодишниот Вељко Јаќимовиќ кој има аутизам и неговата мајка Душица на 10 јуни тргнале во хуманитарна мисија од Нови Сад, а целта им е за еден месец пеш да стигнат до манастирот Острог.

Тие поминале нешто помалку од половина пат и моментално се во Чачак.

– Оваа прошетка, која е секако многу повеќе од обична прошетка до манастирот Острог, му ја посветив на син ми и навистина мислам дека секој човек доаѓа до таа фаза во животот кога сака да направи нешто такво, можеби малку радикално и можеби на луѓето што гледаат отстрана им изгледа дури и чудно, но се роди од длабочината на мајчиното срце, за синот, кој има аутизам, заедно да одиме во манастирот Острог и да му се поклониме на нашиот светец – вели Душица Јаќимовиќ, мајка на седумнаесетгодишниот Вељко, пренесува Блиц.

Но, Душица и Вељко, освен личното достигнување, имаат уште една благородна цел, со својата прошетка да помогнат во изградбата на Центарот за аутизам во Бачка Градиште.

– Успеавме да завршиме еден помал објект кој ќе функционира како еден вид дневен центар, а всушност родителите ќе можат да ги оставаат децата два-три дена, дури и подолго ако треба. Ја чекаме изградбата на главната зграда за која ги завршивме темелите и која е многу поголема, каде кога се ќе заврши ќе можат да живеат околу 40 корисници, возрасни со аутизам кои немаат кој да се грижи за нив – истакнува Душица.

На овој не баш лесен аџилак, на високи температури, Вељко е вистински херој кој ги гази километрите со неверојатна леснотија.

-Иако малку се плашев со оглед на тоа што тој не ја разбира смислата на се, има толку многу енергија и всушност ни го одредува темпото, па најчесто се тркам по него, но во основа важно е дека пешачењето – вели Душица.

На патот од Нови Сад до манастирот Острог, Вељко и Душица сретнаа многу добри луѓе, но со оглед на силата и големината на нивниот подвиг, многумина можат да се засрамат.

-Многу е трогателно што физички лица ни уплатија средства на сметката на здружението, колку што може секој, но интересно е што ниту една фирма или голема компанија се уште ништо не уплатиле – рече Душица.

Вељко не е вербален, но со своите гестови, однесување, насмевки и бакнежи ни покажа дека има душа голема колку овој негов аџилак и срце колку малкумина од нас.

Извор: Женски магазин

Можете да прочитате

Алмодовар: Уметниците имаат морална должност да зборуваат за политичките прашања

Палау ја забрани употребата на креми за сончање со воведување такса од 100 долари по нејзина употреба

Најголемиот град во светот има 73 милиони жители, а многумина не слушнале за него