Утрински Весник
Македонија

МВР со детали за сообраќајката во Автокоманда: двајца тешко повредени

Image 210152.jpg

На 20.06.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“, Б.Т.(42) од Скопје, управувајќи патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од коловозот и удрил во рекламен билборд.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Т. констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје и неговата сопатничка Л.Т.(72) од Скопје констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Томовски откри дека 104 службени возила со години скапувале на плац

Нов бран семејно насилство: Маж нападнал сопруга, син ја тепал мајка си

Апелација ја укина затворската казна за убиството на кучето Феликс – осудениот ќе плати 1.800 евра