Утрински Весник
Свет

Белгиските власти открија измама со средства за социјална помош пренасочени кон Бугарија

Evra 520x348 1.jpg

Инспекторатот за труд во Брисел открил шема за измама со социјални бенефиции пренасочени кон Бугарија, објавија локалните медиуми. Се истакнува дека за случајот вчера биле приведени 17 осомничени, а штетата на буџетот се проценува на 1,5 милиони евра, пренесе БТА

Претреси беа извршени во Брисел, Антверпен и други градови. Инспекторите пронашле 15.000 евра во кеш. Во соопштението се прецизира дека измамата била извршена со кражба на идентитет и се однесувала на исплата на паричен надоместок за невработени.

Се тврди дека дел од средствата биле насочени на банкарски сметки во Бугарија или биле инвестирани во недвижен имот во Бугарија. Белгиската полиција нареди замрзнување на 105 банкарски сметки во Белгија и побара слични дејствија од бугарска страна.

Можете да прочитате

„Гардијан“: 83 отсто од убиените во Газа се цивили

Израел објави дека ги започнал првите фази од офанзивата врз Газа

Израелската армија објави дека започнала операција за воспоставување контрола врз градот Газа