Утрински Весник
Македонија

АА: Елфете Исмаили кандидат за заменик министер за одбрана, а Флакрон Беџети за заменик министер за земјоделство

Ali Ansa Za Albancite 1.webp.webp

Раководството на Алијансата за Албанците, денеска, 19.06.2024 година, одржа состанок на кој се разговараше за изборот на кадрите за идната Влада и едногласно ги избра кандидатите за заменици министри во новата Влада, кои ќе треба да ги изгласа Собранието на РМВ.

Раководството на Алијансата за Албанците одлучи Елфете Исмаили да биде кандидат за заменик министер за одбрана, а Флакрон Беџети кандидат за заменик министер за земјоделство.

Во дискусијата беше истакнато дека избраните членови на Алијансата за Албанците во идната влада во рамките на VLEN ќе ја одразуваат долгоочекуваната промена, ќе бидат на чело на своите должности и во служба на граѓаните и во одбрана на нивните интереси.

Борбата против криминалот и корупцијата, европскиот пат на земјата и економскиот раст и благосостојбата на граѓаните се основните столбови на идната влада.

Можете да прочитате

СДСМ: Ќе побара ли Мицкоски одговорност од претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ со барање до ЈО – Коцевски да не молчи за незаконското следење и злоупотребата на АНБ и АР

И овој викенд на „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час