Утрински Весник
Спорт

ЕВРО 2024: Драматично реми на Хрватска и Албанија во Хамбург

20240619170932 Big 730x400 91.webp.webp

Во натпревар со резултатски пресврти и четири голови, репрезентациите на Хрватска и Албанија одиграа нерешено 2-2 попладнево во Хамбург во рамки на второто коло во групата Б на ЕВРО2024.

Албанија во рана фаза од натпреварот го отвори резултатот со голот на Лачи во 11 минута и ја одржуваше предноста до завршните минути кога уследи целосен пресврт на Хрватска со два гола за две минути.

Најпрво Крамариќ го израмни резултатот во 74 минута, а Хрватите дојдоа и до водство со автоголот на Џасула во 76 минута.

Сепак, истиот играч беше прецизен и на спротивната страна и во петтата минута од судиското продолжение ѝ донесе голем бод на Албанија во дуелот против фаворитот Хрватска.

Второто коло во групата Б ќе го комплетираат утревечер Шпанија и актуелниот првак Италија. 

Можете да прочитате

Сезоната 2027 во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 14 март

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Финалните натпревари во Лига Европа 2028 во Букурешт, 2029 во Белград