Утрински Весник
Македонија

Предавање „Трансформации – нинџите и сликата за нив во светот и во Јапонија“

20240616161501 Big 730x400 81.webp.webp

Предавање на тема  „Трансформации – нинџите и сликата за нив во светот и во Јапонија“ ќе одржи професорот од Јапонија Јуџи Јамада денеска и утре во Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет на УКИМ.

Професорот Јамада е специјализиран за средновековна јапонска историја и култура на Универзитетот Мие во Јапонија и во понеделник и вторник ќе се фокусира на историските факти за нинџите чија слика во модерната поп-култура е модифицирана и хиперболизирана.

Предавањето е во организација на Јапонската фондација, Институтот за антропологија и етнологија и Друштвото на македонско-јапонско пријателство и соработка и Амбасадата на Јапонија.

Предавањето бесплатно и  на англиски јазик и сите места за понеделник (17.06.) се пополнети. За резервација на место за вторник (18.06.), заинтересираните можат да се пријават на contact@sk.mofa.go.jp , соопштија од Амбасадата на Јапонија.

Можете да прочитате

13 годишно дете ја срушило канделабрата во Карпош

УСТАВЕН НИХИЛИЗАМ ИЛИ КРИЗА НА СУВЕРЕНИТЕТОТ?

Ахемти не планира да биде доживотен претседател на ДУИ