Утрински Весник
Македонија

Кумановец со уцени и закани изнудил 16.000 евра од 47-годишна жена

Evra.jpg

Во Куманово е приведен 37-годишен кумановец кој со уцени и закани изнудил 16.000 евра од негова сограѓанка и од нејзиниот сопруг. Во текот на вчерашниот ден во Куманово е пријавен уште еден случај на насилство кога 47-годишник физички ја нападнал неговата сопруга по што бил пријавен и приведен во полиција.

„На 14.06.2024 во 04.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.М.(37) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на 47-годишна жена од Куманово и нејзиниот 49-годишен сопруг и дека од декември 2022 година до 13.06.2024 со уцена од жената изнудил околу 16.000 евра. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

СДСМ: Славески вели „сè е во ред”  со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари – зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?

Дождлив вторник во Македонија, врнежите ќе престануваат кон крајот на денот

Славески: Медиумите ја урнаа Алта банка