Утрински Весник
Спорт

ЕВРО 2024: Премиерниот натпревар го следеле 22 милиони телевизиски гледачи во Германија

Germanija Shkotska.png

Воведниот натпревар на Европското фудбалско првенство во Германија во кој домаќинот синоќа ја совлада Шкотска со 5-1 во Минхен, собра 22,49 милиони гледачи пред германскиот јавен сервис ЗДФ.

Ова е надминување на бројката од 17 милиони гледачи кои ги следеа натпреварите меѓу Германија против Шпанија и Костарика за време на Светското првенство во Катар 2022 година.

Во 2022 година, најголема гледаност од 18 милиони гледачи постигна женската репрезентација во финалето на Европското првенство против Англија.

За време на последното ЕВРО2021, четири од натпреварите на Германија надминаа 20 милиони гледачи, со максимум од 27,36 милиони за осминафиналето во кое германската репрезентација загуби од Англија.

Можете да прочитате

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција

ГРК Охрид попладнево му гостува на Олимпијакос во Атина во првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп

Кими Антонели победник на трката за Големата награда на Јапонија