Утрински Весник
Магазин

Груминг и правилно третирање на крзното – настан на Асоцијацијата на домашни миленици

20240614154336 Big 730x400 88.webp.webp

Во организација на Асоцијацијата на стилисти на домашни миленици на Македонија денеска во „Јавна соба“ ќе се одржи првата модна ревија на домашни миленици.

Организаторите нагласуваат дека настанот нема натпреварувачки карактер и оти целта е да се промовира грумингот во земјава и да се подигне свеста за правилното третирање на крзното на домашните миленици.

Најавено е учество на 15-тина сопственици на салони за домашни миленици кои ќе се претстават со својот миленик – модел и ќе објаснат на кој начин го третирале крзното кај миленикот, а пред да почне дефилето, ќе се разговара и за стандардот на занимањето – стилист за домашни миленици, кој е обврзувачки за сите грумери.

Покрај домашните грумери, најавен е и меѓународен тим од четворица грумери од Српската асоцијација на грумери кои имаат освоени титули на балкански првенства.

Ќе присуствува и професор специјализиран за благосостојба на миленици во Копенхаген, како и еден стилист за птици кој ќе врши демонтрација на кратење на клун.

Ќе учествуваат 16 кучиња од 11 различни раси и мешанци.  Настанот ќе биде збогатен и со штандови на кои ќе може да се претстават пет шопови, увозници на козметика за миленици, одгледувачници. . . .

Поканети се да учествуваат и креатори на накит и облека за миленици.

Можете да прочитате

Финансиски хороскоп за октомври: Кој хороскопски знак ќе има најмногу среќа

Фахрије Евџен има едноставна диета: Сопругата на Бали-бег нема ниту грам сало поради овој пијалок

За најубава кисела зелка: Многу е важно кога ќе киселите зелка да го примените овој метод