Утрински Весник
Спорт

Трагедија, почина голманот на Црна Гора

Untitled 2 5.jpg

Голманот на фудбалската репрезентација на Црна Гора, Матија Шаркиќ (26), почина утринава околу 6:30 часот во Будва, каде што беше на одмор. Како што дознава „Вијести“, му се слошило во станот во кој престојувал, по што починал.

Матија Шаркиќ пред неколку дена бранеше на пријателскиот натпревар против Белгија во Брисел, но после тоа го пропушти натпреварот против Грузија во Подгорица. По натпреварот против Белгија, шпанска „Марка“ пишуваше за брилијантната партија на 26-годишникот.

Шаркиќ е роден во Гринзби, а кариерата ја започна во Андерлехт. Играше за Виган, Астон Вила, Ливингстон, Вулверхемптон, Шрусбери, Бирмингем, Милвол и Стоук.

За репрезентацијата на Црна Гора одигра девет натпревари, а дебитираше против Белорусија во пријателски натпревар во 2019 година.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина