Утрински Весник
Македонија

Сончево и многу топло и температури до 39 степени

Vreme 3.webp.webp

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени. UV=8

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.

До четврток ќе се задржи сончево и многу топло време, а најтопло ќе биде во среда кога дневната температура наместа ќе достигнува до 40 степени. Промена на времето со локален пороен дожд, грмежи и пад на температурата се очекува во петок.

Можете да прочитате

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Визбегово

Николоски: Целта е да се понудат најдобрите решенија за транспортерите

ЗНМ: Основниот кривичен суд Гостивар донесе проблематична првостепена пресуда за слободата на изразување