Утрински Весник
Балкан

Маќедонци: Опасноста сé уште не поминала, Косово и натаму е загрозено од Србија

Qq 1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

 Министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци вели дека Косово продолжува да биде загрозено од Србија, поради што мора да се подготвува да се соочи со безбедносните ризици, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во вечерашното интервју за телевизијата Т7, Маќедонци изјави дека на безбедносен план „ништо не е исклучено“, сé додека Србија продолжува да го гледа Косово како дел од неа.

„Сé додека во Србија постои политичка волја Косово да се гледа како нејзин дел, ништо не е исклучено и сé додека недостасува волја на институциите, особено на политичкото раководство во Србија, да ги потпишат договорите во целост и сериозно да пристапат кон дијалогот, верувам дека опасноста не поминала. Затоа како држава мора да се подготвуваме не само да се соочиме со оваа опасност, туку и со сите опасности кои можат да му наштетат на територијалниот интегритет и уставниот поредок“, рече Маќедонци.

Државата, порача косовскиот министер за одбрана, е „подготвено да се соочи со сé“.

„Нашата армија е подготвена да се соочи со секаква опасност и закана по територијата на нашата земја“, изјави Маќедонци за Т7.

Можете да прочитате

Голем национален протест пред владата во Тирана, фрлани молотови коктели, повреден полицаец

Речиси половината од албанската популација или над 2,2 милиона живее во странство

Навреди и тепачка во турскиот Парламент на расправата за буџетот