Утрински Весник
Македонија

Парите за малиот Матео се собрани за 24 часа – д-р Лазаров соопшти дека кај детето има напредок

Image 209220.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На платформата за собирање средства ЕCrowd, беше поставена кампања со цел да се соберат 1 милион денари, односно околу 15.000 евра кои им биле побарани на семејството.

Д-р Ненад Лазаров, кој е дел од тимот на платформата, сподели дека бараните средства се собрани за 1 ден, но бидејќи во најновиот документ со детална пресметка од болницата се бараат 18.000 евра, кампањата е уште отворена.

„Луѓе мои, ги собравме засега потребните средства за Матео во износ 1.000.000 денари за 24 часа, големо срце има овој народ.

Сите кои дониравте, споделивте, нè поддржавте, треба да сте горди, ова е уште еден позитивен случај!

Истовремено сакам да знаете дека кај детето има напредок, чекор по чекор но има напредок“ – напиша тој во Фејсбук објава.

Можете да прочитате

Муцунски: Мора да се најде решение со Бугарија за деблокада на евроинтеграциите

Собранието ги усвои законските измени за „Безбеден град“

Мицкоски: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ