Утрински Весник
Македонија

Мицкоски кон Ахмети: Вистината ќе излезе на виделина

Slika 4.jpg

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер Христијан Мицкоски по добивањето на мандатот денес од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги нарече опасни политичките игри на  ДУИ со најава дека ако продолжат така – многу бргу вистината ќе излезе на виделина, без да прецизира за што.

„Ги гледам етноцентристичките изјави што доаѓаат од некои од централните лица во ДУИ. Можеби на овој начин сакаат  повторно да внесат етнички провокации  во соживотот во Македонија така што овие преговори за формирањето на идната влада ќе бидат сведени на прашање колку гласови добиле Македонците, Албанците, Србите… Ја следам внимателно оваа опасна игра  и, ако така продолжат, многу скоро вистината ќе излезе на виделина“, се закани Мицкоски.

Инаку, вчера на синоќешната прослава на 22-годишнината од формирањето на ДУИ во гостиварска Долна Бањица, Али Ахмети испрати уште една порака дека ВМРО-ДПМНЕ има мандат да ја води извршната власт, но нема мандат да прави селекции и да ги понижува Албанците во Македонија. Тој изрази уверување дека заедно со меѓународните центри на одлучување ќе ја надминат и оваа конфронтација.

„Оваа конфронтација не е потешка од онаа во 2001 година, не е потешка од конфронтацијата што ја имаме со земјите од регионот. Но, мора да престанеме со болните амбиции на политичката партија – на која не и го ускратуваме мандатот да ја води извршната власт, но таа нема мандат да прави селекции и да ги понижува Албанците во Македонија. Албанците имаат толку крв во Северна Македонија за да одлучат за себе“, порача Ахмети.

Можете да прочитате

ЦУК: Два пожара се активни, а еден е ставен под контрола

Сопатничка тешко повредена во сообраќајка на патот Струмица-Ново Село

Тешко повреден малолетен пешак во Куманово по удар на автомобил