Утрински Весник
Македонија

Во тешка сообраќајна несреќа загина битолчанец

Soobrakajka 1 1.jpg

Вчера во 13.53 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од улицата „Наум Наумовски“ со улицата „Прилепска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 65-годишниот Д.П. од Битола и патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 53-годишниот Г.С. од Куманово, извести МВР.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.П. и бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што подоцна починал. Со телесни повреди се здобила К.С.(53) од Скопје, сопатничка во возилото „шкода“, констатирани, исто така, во Клиничка болница Битола“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Можете да прочитате

Обид за деблокада на евроинтеграциите: Муцунски оди во Софија

Не запира големата акција во Прилеп: Претресена 37 локација, во банкарски сеф најдени над 50.000 евра

Кичевци и од „дваесеттиот министер“ добија ветување за нова болница