Утрински Весник
Македонија

Научен собир посветен на Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски

20240604173703 Big 730x400 30.webp.webp

Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска со научен собир ќе ја одбележи годишнината од раѓањето на Гане Тодоровски (95 години) и на Петре М. Андреевски (90 години).

Собирот, што ќе се одржи во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, со поздравна реч ќе го отвори директорката на Институтот, проф. д-р Наташа Аврамовска. За научната дејност на Гане Тодоровски ќе говори проф. д-р Валентина Миронска-Христовска, а за неговата поезија ќе говори проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер. Книжевната дејност на Петре М. Андреевски ќе ја претстави проф. д-р Наташа Аврамовска, а за романот „Пиреј“ ќе зборува проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева.

– Институтот за македонска литература настојува значајните личности и нивното книжевно творештво да ги актуализира и кај младите генерации и затоа овој собир го реализира во интеракција со ученици од средните училишта, наведуваат од Институтот. 

Можете да прочитате

На граничниот премин Табановце се чека половина час за излез од Македонија

На граничниот премин Табановце се чека половина час за излез од Македонија

Венко Крстевски ќе се кандидира како независен за градоначалник на Кочани