Утрински Весник
Македонија

Бечев на ,,Политиканти”: Моделот на Орбан е опасен, но за жал примамлив за политичките елити од Балканот

Politikanti.jpg

Опасен е обидот на Виктор Орбан за пенетрација во земјите на Западен Балкан, затоа што тоа е алтернативен модел на она што го имавме во последните 20 години, односно за либералната демократија и интеграција, рече професорот и аналитичар од Бугарија, Димитар Бечев во интервју за подкасот „Политиканти“.

„Моделот на Орбан значи да ги користиш сите бенефити од членството во ЕУ, но да имаш политички систем што во суштина е авторитарен и заробената држава да работи во твој интерес и тоа за нашиот регион е прифатлив модел, за жал. Неслучајно Орбан во Бугарија е многу популарен, гледаме го сакаат и во Србија и во Македонија. Нашите земји се мали не можат да бидат ниту Кина ниту Русија, па оттука Унгарија е интересен модел за нашите политички елити“ рече тој.

Во однос на евентуалното вмешување на Орбан во решавањето на проблемите мешу Бугарија и Македонија, Бечев истакна дека има добри врски и со Бојко Борисов и може да се обиде да се вклучи во спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија но, претходно ќе треба да види каква ќе биде позицијата на Борисов и неговата партија после изборите во Бугарија.

Можете да прочитате

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува

Млади момчиња уапсени, се обиделе да ограбат ЈЗУ во Велес

Гори над скопското село Кондово