Утрински Весник
Македонија

Комеморација за Велибор Џаровски – Џаро

Dzaro 960x555 1.jpg

Во Домот на култура во Ѓорче Петров денеска на пладне ќе се одржи комеморација за неодамна починатиот естраден и спортски менаџер Велибор Џаровски – Џаро.

Настанот симболично се организира на 40-тиот ден од смртта на Џаровски и токму на местото каде што ги организирал првите концерти и игранки. Ќе зборуваат македонски музички ѕвезди и пријатели на Џаро со кои соработувал и се дружел во текот на менаџерската кариера во која организираше 5.000 концерти во поранешна Југославија.

-Како што во Југославија докажував дека Македонија не е културна провинција, така и Скопје го уверив дека ни Ѓорче Петров не е провинција, рече Џаровски во автобиографската книга „Живот на коцка“ која излезе минатата година.

Идејата на овој начин да се сочува споменот на стариот ѓорчепетровец е на Општина Ѓорче Петров и на градоначалникот Александар Стојковски, кои заедно со семејството ја организираат комеморацијата.

Велибор Џаровски – Џаро на 25 април годинава почина на 75-годишна возраст по кратко боледување.

Можете да прочитате

По масовна тепачка во Центар, приведени 14 лица, од кои шест малолетници

Обиена станица за технички преглед во Чаир, украден ресивер од видео надзорот

Зајкова: Наместо да се расфрла со фалби дека соседите точеле евтино гориво кај нас, Владата треба да ги субвенционира македонските граѓани