Утрински Весник
Балкан

Трагичен настан: Дете се удави во водите кај Крит

R 1536x864 1.png
Dik 300x250 mk

Огромна тага предизвика веста за смртта на малиот Николас (7) во Грција, чој живот згасна вчера од давење на Крит . Несреќното дете се удавило додека пливало и било извлечено мртво, во месноста Арви. Според cretalive.gr, малиот Николас – отргнувајќи се од вниманието на мајка си – отишол да плива со другарче. За жал, се чини дека бил понесен од брановите, поради што несреќното дете изгубило свест и подоцна случајни минувачи го пронашле на пристаништето во населбата, пишува 24њуз.

Веднаш штом беше пронајдено телото на детето како плута во морето, жителите се мобилизираа, а беше направен обид да се врати со употреба на дефибрилаторот на локалното Културно друштво, но за жал веќе било доцна.

Малиот Николас по потекло е од Албанија, а последните неколку години живеел со родителите во Арви. Според тамошните медиуми, неговите родители се работници главно во оранжерии, одлични луѓе како што ги опишале нивните соселани. Сите зборуваат за прекрасно дете полно со енергија, радост и добрина.

Мајката била дома со бебето

Неговата мајка пред неколку месеци го родила второто дете од семејството и во моментот кога се случила трагедијата била дома со бебето, додека таткото бил на работа кога ја дознал трагичната вест.

„Што и да кажеме е малку. Сите сме шокирани“, изјави за cretalive.gr претседателот на Културното друштво на Арви, Јанис Карпатакис, кој беше еден од првите кои дотрчаа на местото каде беше пронајдено малото тело на несреќното дете. „Во таква трагедија мора да молчиме. Наспроти тагата, да не осудуваме“, додаде Карпатакис, нагласувајќи дека родителите на Николас се луѓе кои по цел ден работат за да им понудат најдобро што можат на своите деца.

Момчето, прваче, побегнало од вниманието на родителите и без надзор влегло во морето.

Можете да прочитате

Мајка на жртва од Нови Сад почнува штрајк со глад: „Морам да знам кој го уби моето дете“

Европските демократи со студентите кои бараат одговори за трагедијата во Нови Сад

Утре во Албанија е ден на жалост поради смртта на Фатос Нано