Утрински Весник
Македонија

Попов: ВМРО-ДПМНЕ нема да си игра со чувствата на младите, ќе ги решаваме нивните проблеми реално и нема да ветуваме нереални работи

Serge Popov.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

„За жал изминатите 5 до 10 години бевме сведоци на апатија од страна на младите луѓе која како УМС на ВМРО-ДПМНЕ се обидувавме да ја победиме и на крајот успеавме во тоа со оглед на резултатот на парламентарните избори. Апатијата се должи на тоа што во многу наврати се јаваше на незадоволството на младите и им се ветуваа работи реално кои не можеа да им се сервираа и предизвикаа апатија кај младите луѓе”, истакна претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов во гостување во Детектор на Сител ТВ.

Тој продолжи и додаде:

„Како ВМРО-ДПМНЕ и УМС на ВМРО-ДПМНЕ многу внимававме што ќе им понудиме на младите луѓе за да не предизвикаме повторно младите луѓе да се почувствуваат изневерено. Во програмата немаме ветено апстрактни проекти туку реални проекти”, рече Попов.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема да игра со чувствата на младите.

„Како ВМРО-ДПМНЕ нема да си играме со чувствата на младите, ќе ги решаваме нивните проблеми реално и нема да им ветуваме нереални работи”, заклучи Попов.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен