Утрински Весник
Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова ги врачи наградите за најуспешните на годинашното издание на „Охрид трчаТ”

Pretsedatelka Scaled.jpg

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска, во Охрид, ги врачи наградите за најдобро пласираните учесници на осмото издание на атлетскиот викенд „Охрид трчаТ”.

Милјана Ристиќ од Македонија во женска и Дарио Ивановски од Македонија во машка конкуренција, се првопласирани на главната трка на 21 километар, а Мирослав Спасов од Бугарија го освои првото место на трката на 5 километри.

Претседателката изрази задоволство од високиот потенцијал и посветеност на годинашните натпреварувачи, кои што несомнено ќе придонесат за нивните идни значајни маратонски подвизи. Особена благодарност упати и до организаторите на годинашниот Охрид трчаТ”, за успешно реализираниот атлетски викенд, со рекордни 2200 учесници од 31 земја.

Можете да прочитате

„Ауди“ удри малолетен пешак во Скопје – детето итно пренесено во Ургентен

Филипче: Од Брвеница почнува промената – ВМРО ќе има еден градоначалник помалку

ЦУК: Еден активен пожар, еден под контрола