Утрински Весник
Македонија

Голема еко-акција за чистење на Охридското Езеро организирана од „Скопско“

20240531181828 Big 730x400 23.webp.webp

Голема еко-акција за чистење на Охридското Езеро, организирана од „Скопско“, ќе се одржи денеска на плажата Дебрца (стар пат Охрид-Струга, во близина на реката Сатеска), со почеток од 10 часот. За заинтересираните, „Скопско“ обезбедува превоз од Скопје до Охрид и назад. Во текот на целата акција, сите учесници ќе имаат на располагање освежување и оброци. Организаторот обезбедува и потребна опрема за чистење, како што се ракавици, вреќи за отпад и други материјали.

-Нашето непроценливо природно богатство заслужува целосна заштита и грижа. Оваа акција претставува одлична можност за сите граѓани, семејства и пријатели да се здружат во заедничката мисија за почиста животна средина. Охридското Езеро, со својата извонредна природна убавина и значење, е симбол на нашата гордост и културно наследство. Заедно, можеме да придонесеме за неговото зачувување и да оставиме траен белег на нашите напори за одржлива иднина, истакнуваат од „Скопско“.

 Иницијативата на организаторот е дел од долгорочната платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“.

– Преку оваа акција се инвестираат средствата собрани во првата фаза од CSR кампањата (од секое продадено „Скопско“ пиво во стаклена амбалажа издвојуваме по еден денар во акции за чистење на Охридското езеро), соопштуваат организаторите.

Сите заинтересирани за учество можат да се пријават со пополнување на формуларот на www.skopsko.mk/form.

Можете да прочитате

Една година од убиството на малата Вања Ѓорчевска

Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста

Објавени лауреатите на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година