Утрински Весник
Македонија

Објавен конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга

Braka Miladinovci.png

НУМ „Струшки вечери на поезијата“ го објави конкурсот за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик во периодот од 1 Јуни 2023 година до 31 Мај 2024 година. 

Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за поетска книга напишана и објавена на македонски јазик (во книжен или електронски облик). На конкурсот може да биде пријавена и книга објавена двојазично, во која што поетското творештво е оригинално создадено на македонски јазик, односно  не е превод од друг јазик.

На конкурсот пријави можат да поднесат авторите или нивните издавачи со согласност од авторот.

Конкурсот ќе трае од денот на објавувањето до 25 Јуни 2024 година.

Можете да прочитате

Зијадин Села реагира на судска одлука со која раководењето со АА му е доделено на Арбен Таравари

Европски фронт предводен од ДУИ поднел Предлог-резолуција за Законот за употреба на јазиците во правосудниот испит

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите