Утрински Весник
Свет

Песков: Западот ја провоцира Украина, сето ова ќе има последици

D0bfd0b5d181d0bad0bed0b2 D0b7d0b0d0b1d180d0b0d0bdd0b0 D0b7d0b0 D180d183d181d0bad0b8 D182d0b5d0bdd0b8d181d0b5d180d0b8 D0bdd0b0 D0b2d0b8 63d6cdb1c8da7.jpeg

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера рече дека изјавите на претставниците на земјите од НАТО за употреба на западно оружје за напад на цели на руска територија ја провоцира Украина да продолжи со „бесмислена војна“.

„Земјите кои се членки на НАТО, особено САД, заедно со другите во последните денови и недели, ги подигнуваат тензиите на ново ниво“, изјави Песков пред новинарите, пренесува порталот Медуза.

„Тие на секој можен начин ја провоцираат Украина да ја продолжи оваа бесмислена војна“, рече Песков.

„Тие самите имаат намера да ја продолжат оваа војна против нас – буквално и фигуративно. Сето ова, се разбира, неизбежно ќе има последици. И на крајот, тоа ќе предизвика голема штета на интересите на оние земји кои одлучија да ги зголемат тензиите“.

По новата руска офанзива во регионот Харков, украинските власти побараа дозвола за напад на воени цели во Русија користејќи западно оружје. Неодамна, се повеќе западни политичари бараат тоа да и се овозможи на Украина. Обединетото Кралство и Франција и дозволија на Украина да користи ракети со долг дострел за напад на руска територија

САД се спротивставија на употребата на западно оружје за напад на руска територија, плашејќи се дека тоа би можело да доведе до директен конфликт со Русија, но Си-ен-ен објави дека Бајден и дал дозвола на Украина да користи американска муниција за напад на руска територија се додека таа погодува само блиски цели во близина Харков.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30