Утрински Весник
Свет

Завршува најголемата вежба на НАТО во која учествуваат 90 илјади војници

1707667438 Unnamed File.webp.webp

Војници на земјите-членки на НАТО денеска ќе ја завршат својата најголема воена вежба организирана од западната одбранбена алијанса од крајот на Студената војна, чија цел е да се одврати можна руска агресија, јави ДПА.

Серијата воени маневри под името „Steadfast Defender 2024“ беа започнати од НАТО како одговор на променетата безбедносна ситуација во Европа како резултат на целосната инвазија на Русија врз Украина пред повеќе од две години.

Според штабот на НАТО, во вежбите, кои почнаа пред околу четири месеци, учествувале повеќе од 90. 000 војници од сите 32 земји-членки на алијансата, како и 50 воени бродови, 1.

100 борбени возила и повеќе од 80 борбени авиони.

Вежбата особено се фокусираше на предупредувањето и распоредувањето на националните и мултинационалните копнени сили на источното крило на НАТО, од Арктичкиот круг до Карпатите во Романија.

ДПА јави дека сценариото за големите воени маневри е руски напад на сојузничка територија, што спаѓа во опсегот на членот 5 од Северноатлантскиот договор, кој вели дека нападот врз еден сојузник на НАТО се смета за напад врз сите сојузници.

Членот 5 беше применет само еднаш – по терористичките напади на „Ал Каеда“ против САД на 11 септември 2001 година.

Можете да прочитате

Мнозинството Европејци оптимисти за иднината на ЕУ 

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос