Утрински Весник
Македонија

Петров и Богоев разочарани од сопартициите оти молчеа во Собранието на конститутивната седница

Screenshot 2024 05 28 214524.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Андреј Петров, член на Извршниот одбор на СДСМ за Сител вечерва искажа разочараност оти на денешната седница во Собранието никој од неговите сопартици – пратениците не смогнал сила да излезе на говорница и да каже некој збор. -Тоа кај мене погодува едно чувство на срам. Едно е да бидете конструктивни, треба опозицијата да биде конструктивна, но работата на пратеник во Парламентот е да зборува на говорница. Што му е работата? Ако некој нема намера да зборува на говорница, место да поднесува оставки од партиски органи, нека си поднесе оставка од пратеничкиот мандат, рече Петров. Претходно во текот на денот на социјаните мрежи се оглси и Стефан Богоев на својот фејсбук-профил каде напиша дека пратениците треба да дискутираат, а не да молчат и да се сликаат. -Пратениците треба да знаат дека се избрани од народот во Собрание да аргументираат и дискутираат, а не да се сликаат и да молчат. Особено на седници на кои се формира владејачко мнозинство и се избира претседател на Собранието. СДСМ треба да има конструктивна, но пред сѐ корективна и проактивна улога во Собранието. Тоа мора да биде така од самиот почеток. Во спротивно, други партии ќе го преземат опозицискиот простор, напиша Богоев.

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип

До 250 деца дневно во „Козле“ поради силен бран на грип

Беким Сали е именуван за прв заменик – претседател на Владата