Утрински Весник
Македонија

Мицотакис очекува од новиот македонски премиер да се изјасни дека ќе го почитува Договорот од Преспа

20240526211518.jpg

„Очекувам од новиот премиер на С. Македонија да се изјасни дека ќе го почитува Договорот од Преспа и дека името на неговата земја ќе го користи во и надвор од неговата земја, рече Кирјакос Мицотакис, грчкиот премиер во вечершното интервју за телевизијата Стар. Мицотакис напомена дека Атина се стреми кон добри односи со С. Македонија, но неопходно е почитување на Договорот од Преспа. – Видов некои изјави на претседателката на С. Македонија и мислам дека направи некои чекори назад од првичните изјави. Ние се стремиме кон добри односи со С. Македонија, но многупати имаме кажано дека добрите односи поминуваат преку почитувањето на Договорот што го потпишаа двете земји – рече Мицотакис. Според грчкиот премиер Договорот има „многу проблеми кои ги гледаме сега во однос на признавањето на македонскиот јазик и националност“.

Можете да прочитате

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”

Битиќи ја прозва министерката за финансии: „Фејсбук не е место за правдање на долгови“