Утрински Весник
Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова го прими специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Сарацин

Foto 1 1 Scaled.jpg

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими специјалниот претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин. 

На средбата беше разговарано за билатералните односи меѓу двете земји, за процесот на македонските евроинтеграции, како и за актуелните состојби во регионот на Западен Балкан низ призма на европските перспективи.

Претседателката Сиљановска Давкова го поздрави интензивниот политички дијалог со Германија, како една од нашите најблиски сојузници и партнери и изрази целосна подготвеност за натамошна успешна соработка во сите области од взаемен интерес.

Претседателката се заблагодари за принципиелната и гласна поддршка на германските власти на македонските евроинтеграции, за Резолуцијата на германскиот Бундестаг и нивниот севкупен ангажман преку Берлинскиот процес и изрази очекување за натамошна поддршка, потенцирајќи дека проширувањето на Унијата е во интерес на политичката, безбедносната и економската стабилност на целиот регион.

Таа ја посочи свесноста за обврските кои произлегуваат од меѓународните договори и истакна дека придаваме големо значење на одржувањето на добрососедските односи, но истовремено ги потенцираше очекувањата на граѓаните дека евроинтегративниот процес ќе биде евалуиран праведно, врз основа на Копенхагенските критериуми.

Можете да прочитате

Семејствата на жртвите од „Пулс“ против концертот за Петровден – Крстевски откажа, но беше исвиркан

МВР брани насилници, ете зошто жените тука завршуваат мртви, рече Арсовска

Петровска: Вчера пратеничка денес градоначалничка кој е следен ?