Утрински Весник
Македонија

Димитриевски: Ќе го поддржиме Гаши за претседател на Собранието

Dimitrievski 2.jpg

Претседателот на ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, кој доби пратенички мандат, но исто така е и градоначалник на Куманово, пред почетокот на денешната конститутивна седница на Парламентот, изјави дека петмината пратеници од неговата партија ќе гласаат за Африм Гаши, доколку тој биде предложен за претседател на Собранието.

Димитриевски му посака успех на новиот собраниски состав.

– ЗНАМ очекува од овој парламентарен состав многу. Верувам дека како потенцијален партнер во идната власт ќе дадеме свој придонес со нашето политичко делување бидејќи веќе сериозно разговараме за имплементација на дел од нашите програмски определби во идната владина програма и владин состав, рече Димитриевски.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со разговорите за новата влада, Димитриевски рече дека сѐ уште немаат договорено никакви кадровски решенија.

– За нас во втор план се поделбата на власта и министерските позиции, на прав план е сето она што го ветивме во предизборниот период, рече Димитриевски.

Можете да прочитате

Полициска акција во Скопје: Во „голф“ откриени околу 230.000 евра, двајца приведени од Косово

Приведени двајца косовски државјани за „фалсификување пари“, пронајдени околу 230.000 евра

Инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство во фокусот на средбата Николоски – Варнс