Утрински Весник
Спорт

Чави се збогува со фановите: Од недела и јас ќе бидам навивач на Барса

20240525111700 Big 730x400 87.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тренерот на Барселона Чави Ернандез, кој ќе се раздели со тимот по завршување на сезоната во Ла Лига, им се обрати на навивачите на каталонскиот гигант на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
„Почитувани навивачи, моето време на чело на Барселона ќе заврши в недела. Никогаш не е лесно да го напуштите клубот на вашиот живот, но тоа го правам многу гордо по две и пол години на чело на тимот кој беше како мое второ семејство“, порача Чави.
Барселона утре во последното коло од во шпанското првенство и и гостува на Севиља, а сезоната ќе ја заврши како второпласирана.
„Сакам да им се заблагодарам на навивачите за поддршката и љубовта кои секогаш беа покрај мене и секогаш ми ја покажуваа истата љубов како кога бев фудбалер. Од недела јас ќе бидам само уште еден навивач на трибините. Јас го сакам само најдоброто за клубот кој секогаш ќе ме има на располагање“, напиша Чави.

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028