Утрински Весник
Балкан

Во Атина уапсени две лица кои пуштале во продажба ковид тестови и медицински маски со изменет рок

20240524133606 Big 730x400 60.webp.webp

Грчката полиција во Атина уапсила две лица, странски државјани, кои пуштале во продажба медицински маски и ковид тестови на кои им ги менувале датумите на производство и рокот на траење, а процените се дека нелегално се стекнале со 1,6 милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Биле откриени и одземени 351.000 селф тестови за Ковид, 2.500.000 медицински маски и 120.000 налепници-етикети од странска фармацевтска индустрија.

– Според Националната агенција за лекови, промената на датумите на производство и на траење, како и условите за складирање, транспорт и ракување со производите, ги прават медицинските маски и тестови опасни за јавното здравје, соопштија од грчката полиција.

Можете да прочитате

Ќе пушта ли Иран танкери низ теснецот ако нафтата се плаќа во кинески јуани?

Албанија со Резолуција ќе го прогласи Иран за државен спонзор на тероризмот

Српската влада ги намали акцизите, горивата сериозно поевтинуваат