Утрински Весник
Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Учителската мисија на Кирил и Методиј е наша светост и гордост која ја славиме и денес

Ministerka Bisera Kostadinovska Stojcevska 1 Scaled.jpg

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска упати честитка по повод Денот на сесловеснките просветители, 24 Мај, честитајќи го празникот со кој ја одбележуваме мисијата на Светите браќа Кирил и Методиј.

„Светите Кирил и Методиј, со својата духовно-просветителска мисија имаат темелно значење за македонската култура и јазик.

Со нивното проповедање и учење ја поставиле основата на словенската писменост и литература. Тие ја обликувале првата азбука позната како глаголица и придонеле за создвањето на денешната наша азбука.  

И покрај отпорот и несогласувањето на голем број свештеници и државни водачи, Кирил и Методиј успеале да го наметнат словенскиот јазик во ширење на христијанството, покрај еврејскиот, грчкиот и латинскиот.

Никој не успеал да ја совлада нивната истрајност и упорност во описменување на народите и затоа нивната учителска мисија е наша светост и гордост која ја славиме и денес.

Хроничарите низ историјата запишале дека Кирил и Методиј живееле и твореле за буквите, за јазикот и за писменоста.  Секој 24 мај се присетуваме на нивната големина и важност и му даваме посебно значење на нивниот светоглед и универзалната вредност.

Следејќи ги идеалите и заложбите на сите просветители ние имаме јазик признат во светската ризница на јазици со свои особености и карактеристики. Македонскиот јазик е нашата култура и нашиот идентитет.

И денеска им се поклонуваме за големото трајно дело. Нека ни е честит 24 мај – Денот на сесловенските и македонските просветители!”, вели Костадиновска-Стојчевска во честитката по повод празникот 24 Мај.

Можете да прочитате

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија” поради техничката хаварија

Со нож прободено 16-годишно момче во Кумановско, итно пренесено на клиниките во Скопје

Ферати: Бошњаците се важна алка на нашето општество