Утрински Весник
Македонија

Вебер бара од ВМРО-ДПМНЕ да го почитува Договорот од Преспа и да го користи името Северна Македонија

Picture 729 660x500 1.jpg

 Порака до раководството на ВМРО-ДПМНЕ да го почитува Договорот од Преспа и да го користи името Северна Македонија, упати преку платформата Икс, претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, јави дописничката на МИА од Атина. -Раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба целосно да ги почитува одредби на обврзувачкиот Договор од Преспа и доследно да го користи името „Северна Македонија“. Почитувањето на меѓународните договори е основен предуслов за нас како ЕПП. Во спротивно Европа не може да функционира и ЕУ нема да го прифати ова, напиша Вебер. Дел од Европската народна партија се и ВМРО-ДПМНЕ и грчката Нова демократија, а ова е прва реакција од ЕПП по изборите кај нас. Портпаролката на СИРИЗА Вула Кехаја на брифингот со новинарите минатата седмица упати прашање до грчката Влада „дали има намера да го покрене прашањето за исфрлање на националистичката ВМРО од Европската народна партија, односно сестринска партија на Нова демократија“.

Можете да прочитате

Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз – Костадинов нема да се кандидира како независен за Струмица

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР

Стефан Лазаров за скандалозниот предлог данок на Мицкоски: Со вакви услови за живот само ќе ги натерате младите кои не се во брак побрзо да си заминат од Македонија